Повеќе делови од Скопје в понеделник без струја

Дел од корисниците од улиците Кукушка, Димитрије Туцовиќ, Благој Страчков, Крсто Бајиќ, Јордан Хаџи Константинов-Џинот и Аминта Трети во општина Центар, в понеделник од 8 до 10 часот ќе бидат без струја.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Кондово, општина Сарај, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од улицата Бернард Расел во општина Ѓорче Петров.

Корисниците од селото Паничари во општина Сарај, без струја ќе бидат од 9.30 до 14:30 часот, а од 10 до 13 часот дел од корисниците од улицата Дамаска во општина Карпош.

Од 10 до 14 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците 70 и 72во населбата Волково.

Причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД, иинформираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.