![bez-struja1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/bez-struja1.jpg?resize=500%2C281&ssl=1)
Во периодот од 9 до 12 часот утре без струја ќе бидат корисниците од селата Горни Крушопек, Горно Нерези, Средно Водно и врв Водно во општина Карпош, а 9 до 15 часот корисниците од Горна Матка, општина Сарај.
Корисниците од селото Долна Арнакија, општина Сарај ќе бидат без струја од 9:30 до 15 часот, а од 10 до 15 часот објектот на бензинската пумпа на „Макпетрол“ и салонот за автомобили „Хонда“, лоцирани на булеварот „Илинден“ во општина Карпош.
Од 10:30 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Виничка“, „Дринска“, „Вашингтонска“ и „Нов живот“ во општина Шуто Оризари.
РЦУК на Град Скопје информира дека граѓаните ќе останат без електрична енергија поради технички зафати во електромрежата.