Повеќе мртви во пукање на Флорида

Најмалку четири лица се убиени а уште 11 други се ранети во пукотници на турнир во видео игри во Џексонвил на Флорида, пренесува во неделата телевизијата CBS.

Канцеларајата на шерифот во овој американски град не го прецизира бројот на жртвите и настраданите, само наведува дека меѓу загинатите е и осомничен.

„Пукање во Џексонвил. Оддалечете се од тоа подрачје. Зоната во овој момент не е сигурна. Повеќе мртви на лице место“, објави полицијата на Twitter.

Неколку минути подоцна, полицијата објави дека едно осомничено лице е мртво, а дека во овој момент не се знае дали уште некој пукал. „Потрагата е во тек“, наведе полицијата во новиот твит.

Пукањето се случило во комплексот „The Jacksonville Landing “, во централниот дел од градот со ресторани и продавници.

Турнирот во видео игри кој се одржувал во комплексот бил пренесуван во живо кога се слушнале неколку истрели. На снимките кои ги објави телевиијата се гледа само како играчите реагираат на истрелите, а се слушаат и крици пред снимката да биде прекината.