Овогодинешната 41-ва по ред меѓународна саемска манифестација, Технома 2015, ќе се одржи од 13 до 17 октомври на Скопски саем. На манифестацијата ќе има 135 домашни и 50 странски учесници, а се очекуваат околу од 20 илјади посетители меѓу кои и инвеститори, експерти и носители на деловни одлуки. Технома четири децении ги oбeдинувa прeтстaвницитe нa нajгoлeмитe дoмaшни, нo и стрaнски прoизвoдитeли вo oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедување и заштита, ќе го привлече вниманието на јавноста со неколкуте новитети.
Фокусот на ТЕХНОМА 2015 ќе бидат иновациите, енергетската ефикасност и LED технологиите.
За време на саемската манифестација ќе бидат отворени и 16-от Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 35-та Меѓународна изложба на иновации, Макинова.
Технома 2015 ќе се простира во 3 хали во кои ќе се претставуваат фирмите, додека во 4-та хала ќе се одвиваат Макинова и Форумот за иновации и технолошки развој. Во 4-та хала се и стручните факултети со постер презентации на иновативните методи. Нивната идеја е да се поврзат компаниите со образованието и да се најде интерес за заедничко аплицирање за проекти во фондот. Во рамките на „Форумот за иновации и технологии“ организиран во соработка со Фондот за иновации и Скопски саем, секој ден ќе се одржуваат работилници на различни теми: „Финансирање на иновации“, „Соработка на развој на иновации“, „Соработка за развој на иновации“, „Секторски пристап во трансфер на технологии“ и „Ден за старт ап претпријатија“.