Самоубиствен бомбашки напад врз џамија во воена база на истокот од Авганистан во петокот се убиени најмалку 26 лица, додека 50 луѓе се ранети, соопштија авганистнаски безбедносни извори
Жртвите се собирале на петочната молитва во џамијата во округот Исмаил Кел во покраината Хост. Сите загинати работеле за авганистанските безбедносни сили, изјавил воениот портпарол на округот.
Талибаните, кои ја засилија своите напади во настојувањата да ја соборат авганистанската влада поддржана од Западот и да ги протераат странските трупи од земјата, изминатата седмица изведоа низа напади врз безбедносните сили. Убиени се стотици војници, нивните контролни пунктови се уништени, а запленето е и големо количество оружје.
Нападот во петокот се случи три дена откако бомбаш самоубиец го детонираше експлозивот во неговиот елек на верски собир во главниот град Кабул, кога загинаа 55 луѓе.