Повеќе од илјада мигранти раселени од камп во Париз

Повеќе од илјада мигранти раселени од камп во Париз
Повеќе од илјада мигранти раселени од камп во Париз

Француската полиција расели денеска повеќе од илјада луѓе од импровизиран мигрантски камп во близина на париската метро станица „Сталинград“, што е трет пат во три месеци да се празни тој камп.

Нешто по шест часот изутрината миграните, кои престојувале во тесни шатори на издигнатиот дел на метро станицата во северениот дел на Париз, почнаа да влегуваат во автобусите, кои ги возеа до прифатните центри.

Евакуацијата на мигрантите минала претежно без инциденти, соопштија локалните власти.

Иако една ноќ претходно во кампот се пребројани околу 500 луѓе, полицијата наведува дека вчера во него се собрале околу 1.350 мигранти, кои сакале да бидат преместени во прифатните центри, што укажува на тоа дека бројката е зголемена, бидејќи пристигнале и мигранти од други делови на Париз.

Во операцијата на евакуација на мигрантите, од кои повеќето биле од Судан и Авганистан, учествувале околу 150 полицајци.