Во изминатата недела на телефонската линија за медицински совет Ало докторе примени се 1106 повици.
Вкупно 67.407 повици од 15.09.2014 година на 02/15 123 од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет Ало докторе.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
25 Доктори вкупно се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за респираторни симптоми ,покачена телесна температура , сезонски вируси ,настинки и кашлици карактеристични за овој период од годината.
На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија Ало докторе им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.