Без струја од 8:30 до 9:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Хераклеја“, а од 9 до 15 часот корисниците од подулиците „58“, „72“ и „80“ во село Волково во општина Ѓорче Петров.
Во време од 9:30 до 14 часот во четврток без елктрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улица „Банско“ во општина Кисела Вода, а во време од 8:30 до 12:30 часот корисниците од дел од населбата „Момин Поток“ во општина Карпош.
Без струја од 8:45 до 16 часот утре ќе бидат дел од корисниците од воените објекти на „Караџица“, селата Алдинци, Драчевица, Цветово, Црвена Вода, Палиград, Мала Река, Горно и Долно Количани, Вртекица и Рамни Габер во општина Студеничани, а од 7 до 8 часот ќе бидат дел од корисниците од Живинарската фарма во населба „Илинден“ во општина Илинден.
Во период од 8:50 до 15 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од викенд населбата „Јане Сандански“ и млекарницата „МАСКО“ во општина Зелениково.
Без електрична енергија утре од 10 до 14 часот ќе бидат корисниците од село Долна Матка, а во време од 10 до 15 часот ќе бидат корисниците од подулиците 12 и 15 во село Сарај и потегот кај основното училиште во општина Сарај.