![prevoznici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/prevoznici.jpg?resize=510%2C287&ssl=1)
На состанокот на Македонско – германската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока што се одржа во Бон договорена e прелиминарна квота дозволи за следната година, која е поголема за 1.200 дозволи или за 18 проценти повеќе од досегашната.
Договорена е и размена на дополнителна квота од 400 билатерални транзитни дозволи за возила со еуро 5 стандарди.
Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека договорените квоти во целост ќе ги задоволат потребите на македонските превозници кои вршат превоз на стока до и низ територијата на Република Германија.
Прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за 2016 година предвидува 2.000 билатерално транзитни дозволи за возила со еуро 3 стандард, 1.000 со еуро 4 стандард, 4.700 со еуро 5 стандард и 1.000 со еуро 6 стандард. Договорени се и 150 дозволи за трети земји за возила со евро 4 стандард, 450 со еуро 5 стандард и 50 дозволи за возила со евро 6 стандард, како и 10 годишни дозволи за возила со евро 4 стандард, 50 годишни дозволи за возила со евро 5 стандард, 5 годишни дозволи за возила со евро 6 стандард.