Повеќе населби утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Козара“ и „Владимир Назор“ во општина Аеродром, како и дел од улиците „Елисије Поповски Марко“, „Васил Ѓоргов“, „Васил Левски“, „Ѓорѓи Абаџиев“, „Бел Камен“, „Мајка Тереза“ и „Шарски Одреди“ и корисниците од улицата „Јордан Мијалков“ во општина Центар, утре од 9 до 12 часот ќе останат без струја.

Од 8:30 до 14:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од улиците „Петар Манџуков“, „Марко Крале“ и „Хо Ши Мин“ во општина Бутел, а од 9 до 15:30 часот и корисниците од село Љубин.

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.