Македонските компании Бетон, Трансмет и кинеската Синохидро имаат потреба од работници за изградба на автопатиштата Миладиновци-Свети Николе и Кичево-Охрид.
Конкретно, Бетон има потреба од 280 работници на различни позиции за изградба на автопатот Миладиновци-Свети Николе. Трансмет, за изградба на автопатот Кичево-Охрид има потреба од 235 работници.
Кинеската компанија Синохидро, за изградба на автопатот Миладиновци-Свети Николе има потреба од 126 работници, а за автопатот Кичево-Охрид 254 работнци.
Вчера и градежната компанија Гранит објави оглас за вработување на Градежната компанија „Гранит“ објави оглас за вработување на 670 лица, што ќе бидат ангажирани за изведување градежни работи на новите автопатишта Миладиновци – Свети Николе – Штип и Кичево – Охрид.