Оваа учебна година за полагање на државна матура се пријавени 17.643 ученици. Од нив 8.815 се од гимназиско образование, 8550 од средно стручно образование и 278 од средно уметничко образование, информираат од Државниот испитен центар.
Согласно Концепцијата за државна матура, училишна матура и завршен испит во јавното средно образование со четиригодишно траење, во Република Македонија учениците екстерно полагаат 3 предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.
На 11 јуни во сите средни училишта во Република Македонија ќе се полага задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература.
Македонски јазик и литература ќе полагаат 11.359 кандидати, 5.565 албански јазик и литература, а 397 турски јазик и литература.
На 15јуни во сите средни училишта во Република Македонија ќе се полага странски јазик. Како и секоја година и оваа најмногу матуранти имаат избрано да полагаат англиски јазик и тоа 16336. Бројот на кандидати кои се пријавиле да ги полагаат останатите предмети е многу помал. Француски јазик ќе полагаат 134 кандидати, германски јазик 178, а руски јазик 47 кандидати.
На 17јуни математика ќе полагаат 2.626 кандидати.
На 19 јуни ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 4.582 кандидати, историја 3.856, биологија 3.654, филозофија 2.679, хемија – 354, физика 119 и естетика 204.
Испитниот материјал се доставува во училиштата и се враќа во ДИЦ истиот ден кога се реализира испитот.
Сите испити почнуваат во 10 часот.
Во процесот на реализација на матурата во училиштата се ангажирани 2.117 наставници како тестатори и околу 200 набљудувачи претставници од институциите надлежни за образованието во Република Македонија.