
Во последните 24 часа, 22 цивили се убиени во Луганск, вели претставникот на регионалната управа.
Се работи за напад со минофрлач во источниот дел на градот. Погодени се автобус, пазар и неколку станбени објекти.
Градската управа тврди дека од бомбардирањето, голем е бројот на ранети лица.
Лидерот на проруските сепаратисти во Луганск објави дека денеска ќе си поднесе оставка бидејќи не може да ја исполнува својата должност, затоа што е ранет. Со ова тој е вториот бунтовнички лидер кој ја напуштил сцената во изминатите седум дена.