Повеќе од 200 Американци заминале во Сирија

Повеќе од 200 Американци заминале во Сирија

Повеќе од 200 Американци заминале или направиле обид да заминат за Сирија за да се борат на страната на исламистичките бунтовници, информира шефот на ФБИ, Џејмс Коми, цитиран од британските медиуми.

На заседание на Комисијата за разузнавање на Сенатот, директорот Коми изјави дека ФБИ продолжува да идентификува луѓе кои сакаат да се инфилтрираат во редовите на странските борци кои војуваат на страната на исламистите, како и на домашните екстремисти „кои можеби сакаат да ги нападнат САД одвнатре“.

ФБИ е многу загрижено од радикализирањето на Американците од страна на групата Исламска држава.

Коми ги повика технолошките компании да им дозволат на безбедносните органи да добијат достап до криптирани комуникации за да можат подобро да се борат со овие закни.