Повеќе од 30 повредени во автобуска несреќа во Загреб

Патнички автобус на градскиот превоз утринава во Загреб се судри со автомобил при што повредени се повеќе од 30 патници.

Според првичните информации, возачот на автобусот се обидел да го избегне сударот со автомобилот и притоа удрил во столб за јавно осветлување, пренесе агенцијата Хина.

На терен се во тек интервенции на итната медицинска помош и се врши полициски увид.

Индех.хр објави дека, според првични информации, повредени се 30-тина лица, од кои неколку имаат тешки повреди, како и дека автобусот бил полн со патници.

ФОТО: МИА