Повеќе од 300 лица загинале, а стотици други се исчезнати откако свлечилиште затрупа село во Авганистан, јавува АФП.
Месното население и спасувачките екипи се надеваат дека ќе пронајдат преживеани под калта и урнатините што го затрупаа селото во провинцијата Бадахстан, каде се уништени стотици домови.
Обединетите Нации потврдија дека се загинати 350 лица, а властите во провинцијата соопштуваат за 250 исчезнати по повеќе од 20 часа по несреќата.