Европската унија соопшти дека повеќе од 7.000 имигранти од петокот се спасени од водите на Медитеранот, кои во се поголем бегаат од судирите и сиромаштијата во потрага по подобар живот во европските земји, пренесе МИА.
Портпаролката на Европската комисија за имиграција, Наташа Берто изјави дека од 7.000 имигранти, над 3.500 се уште се наоѓаат на спасувачките бродови од каде ги префрлуваат во Италија, и досега се пронајдени 11 тела.
Повеќе од 280.000 имигранти минатата година влегле илегално во земјите на ЕУ. Повеќето од нив пристигнале од Сирија, Еритреја и Сомалија.