Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток престој (не подолг од 31 ден во месецот), особено за време на претстојните празници, имаат обврска преку системот „е-Даночни услуги“, да го пријават доходот остварен од издавање на имотот. Ова се однесува и на издавање преку платформи како AirBnb, Booking.com, Facebook, Кајак и други.
Основа за пресметување на данокот претставува бруто доходот што се остварува намален за износот на следниве нормирани трошоци: 10% од износот на доходот (за неопремен простор). 15% од износот на доходот (за опремен простор).
Пријавувањето на доход од издавање на недвижен имот се врши задолжително до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање. Пријавата заедно со соодветни докази се поднесува електронски (е-ППД) преку системот „е-Даночни услуги“.
УЈП соопшти дека за повеќе информации, лицата може да се обратат во Контакт центарот: Е – пошта: [email protected] Фиксен: 0800 33 000 Мобилен: 02 3253 200, како и во Регионалните дирекции/Даночните одделенија на Управата за јавни приходи.
Исто така, достапна е и брошура за оданочување на доход од закуп и подзакуп, а ако сè уште не се регистрирани на системот „ е – Даночни услуги“, лицата тоа да го направат веднаш, следејќи го линкот за постапката за регистрација на е-Даночни услуги.
-Бидете одговорни даночни обврзници, навремено и точно пријавувајте и исполнете ги вашите даночни обврски. Не заборавајте дека пријавувањето на доходот е законска обврска и ќе ви помогне да избегнете стрес и санкции, апелираат од УЈП.