Врз основа на член 17 став1 точка 7 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси (Службен весник на Република Македонија 12/20), Државната комисија за спречување на корупција објавува
П О В И К
ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАБЉУДУВАЧИ НА
НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ИЗБОРНАТА КАМПАЊА
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Заради ефикасно следење на изборната кампања на учесниците на претстојните Локални избори, ДКСК има потреба од ангажирање на 50 набљудувачи за општините по следниов распоред:
р.број |
Општина/и |
Број на набљудувачи |
1 |
Аеродром и за Град Скопје |
1 |
2 |
Бутел и за Град Скопје |
1 |
3 |
Гази Баба и за Град Скопје |
1 |
4 |
Ѓорче Петров и за Град Скопје |
1 |
5 |
Карпош и за Град Скопје |
1 |
6 |
Кисела Вода и за Град Скопје |
1 |
7 |
Сарај и за Град Скопје |
1 |
8 |
Центар и за Град Скопје |
1 |
9 |
Чаир и за Град Скопје |
1 |
10 |
Шуто Оризари и за Град Скопје |
1 |
11 |
Арачиново |
1 |
12 |
Илинден |
1 |
13 |
Чучер Сандево |
1 |
14 |
Куманово |
1 |
15 |
Липково |
1 |
16 |
Кратово |
1 |
17 |
Крива Паланка |
1 |
18 |
Штип |
1 |
19 |
Кочани |
1 |
20 |
Македонска Каменица |
1 |
21 |
Делчево |
1 |
22 |
Прилеп |
1 |
23 |
Битола |
1 |
24 |
Кичево |
1 |
25 |
Ресен |
1 |
26 |
Охрид |
1 |
27 |
Маврово-Ростуше |
1 |
28 |
Петровец и Зелениково |
1 |
29 |
Студеничани и Сопиште |
1 |
30 |
Старо Нагоричане и Ранковце |
1 |
31 |
Велес и Чашка |
1 |
32 |
Свети Николе и Лозово |
1 |
33 |
Виница и Злетово |
1 |
34 |
Берово и Пехчево |
1 |
35 |
Ново Село и Босилово |
1 |
36 |
Струмица и Василево |
1 |
37 |
Радовиш и Конче |
1 |
38 |
Гевгелија и Богданци |
1 |
39 |
Валандово и Дојран |
1 |
40 |
Неготино и Демир Капија |
1 |
41 |
Долнени и Кривогаштани |
1 |
42 |
Могила и Новаци |
1 |
43 |
Крушево и Демир Хисар |
1 |
44 |
Македонски Брод и Пласница |
1 |
45 |
Дебар и Центар Жупа |
1 |
46 |
Пробиштип, Чешиново и Облешево, Карбинци |
1 |
47 |
Кавадарци, Градско и Росоман |
1 |
48 |
Струга, Вевчани и Дебрца |
1 |
49 |
Гостивар, Врапчиште, Брвеница и Боговиње |
1 |
50 |
Тетово, Желино, Јегуновце и Теарце |
1 |
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:
Заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнат следниве услови:
- Да не се членови на политичка партија;
- Во периодот на изборната кампања да не се работно ангажирани;
- Да имаат на располагање моторно возило;
- Да поседуваат возачка дозвола Б категорија;
- Да имаат основни познавања за облиците на промоција на политичките партии и водењето на изборните кампањи;
- Да е жител/ка на град/населено место во општината за која се пријавува;
- Да располага со мобилен телефон за фотографирање и интернет конекција;
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Заинтересираните кандидати треба да го пополнат образецот „Пријава за набљудувач“ и Изјава која е составен дел на Пријавата кои се достапни на интернет страната на Државната комисија за спречување на корупција www.dksk.mk и истите заедно со потребните документи да ги достават на меил адресата: [email protected]
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Рокот за пријавување ќе трае до понеделник 31.08.2021 година.
НАЧИН НА ИЗБОР:
Изборот на кандидати ќе се изврши од страна на овластени лица од ДКСК и ИФЕС по претходно спроведено интервју. Начинот на спроведување на интервјуто ќе биде дополнително договорено со секој од кандидатите кој ќе ги исполни претходно наведените услови.
ОБВРСКИ НА НАБЉУДУВАЧИТЕ:
-
Да учествуваат на еднодневна обука за запознавање со методологија за работа и начин на известување;
-
Да учествуваат во работилница за набљудување на политичко финансирање и избори
На територијата на општината за која се избрани да вршат:
-
Набљудување, забележување и документирање на активностите на учесниците во изборната кампања: делење на рекламен материјал, одржување на настани, рекламирање и други активности.
-
Секојдневно следење на официјалните веб страници на партиите или учесниците во локалните избори заради добивање информации за нивните активности во конкретен град, населено место;
-
Секојдневно следење на социјалните мрежи и порталите кои вршат политичко рекламирање;
-
Набљудување, снимање и доставување информации до ДКСК за сите поставени билборди, сити-лајти, плакати, паноа, и други облици на рекламирање;
-
Набљудување, снимање и доставување информации до ДКСК за остварени митинзи, собири или други форми на масовно собирање на граѓаните: посебно внимание на превоз на граѓани од други општини, поставување на бини, озвучување, музика, ангажирање на пејачи/артисти, итн;
-
Набљудување, снимање и доставување информации до ДКСК за локација на активни локални партиски штабови
-
Да доставуваат извештаи до ДКСК.
ОБВРСКИ НА ДКСК:
Кон избраните набљудувачи ДКСК ги има следниве обврски:
-
Да склучи договор за уредување на исполнување на меѓусебните обврски;
-
Да спроведе еднодневна обука на набљудувачите за прецизирање на активностите – предмет на набљудување, начинот на документирање и известување;
-
Да исплати еднократен надомест до 9.500 денари за ангажманот;
-
За набљудувачите кои ќе имаат опфат од 2 -3 општини (рурални) ќе добијат надомест на трошоците за гориво според просечна потрошувачка и цената на горивото за возилото што се користи за деновите на набљудување и поминатите километри и
-
За исплатените надоместоците да го плати износот на персонален данок.
ПЕРИОД НА АНГАЖМАН:
Периодот на ангажман е од денот на започнување на изборната кампања до денот на изборите.
ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА
СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА
Претседател,
Билјана Ивановска