Во јануари годинава, во споредба со декември лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторите „рударство и вадење камен“ за 1,8 проценти и „преработувачка индустрија“ за 0,9 проценти, а се повисоки во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,1 процент.
Во јануари годинава, во споредба со јануари минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторите „рударство и вадење камен“ за 11,4 проценти, во „преработувачка индустрија“ за 4,6 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за еден процент.