Повисоките залихи во САД ја задржаа цената на нафтата на 86 долари

Цените на нафтата се задржаа стабилно на 86 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи инвеститорите беа затекнати од зголемените залихи во САД, притиснати од индициите дека главните производители немаат планови дополнително да ја намалат понудата.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во мај беше речиси непроменета во однос на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 86,02 долари. Поактивно се тргуваше со барел за испорака во јуни, исто така, по речиси непроменета цена од 85,42 долари.

Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде барелот изнесуваше 81,49 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одделно објави дека барел од референтната нафтена кошничка на нејзините членки во вторникот поскапел за 49 центи на 85,92 долари.

Трговците во средата беа изненадени од растот на резервите на нафта во САД минатата недела, за 3,2 милиони барели. Податоците од Министерството за енергетика се очекуваа да покажат пад на залихите, за 1,3 милиони барели.

Во вторникот, изјавија изворите, повикувајќи се на податоци од американското здружение на производители на API, залихите се зголемиле за дури 9,3 милиони барели.

Цените, исто така, беа притиснати од бранот на продажби, бидејќи трговците се обидоа да заработат од покачувањето на цените во средината на месецот и индициите дека водечките производители најверојатно нема дополнително да ја намалат понудата на состанокот следната седмица. објаснува Јун Ронг Јеап од IG.

Картелот OPEC и неговите сојузници големни независни извнозници предводени од Русија познати како OPEC+ веројатно нема да направат значителни промени во производството додека министрите не се сретнат во јуни, изјавија за Ројтерс три извори во групата.

Трговците внимателно ги следат членките на OPEC во потрага по можни индикации за промена на ставот за производствените квоти, заклучуваат аналитичарите на ANZ во белешката за коминтентите.