
Поради реконструкција на дел од водоводната мрежа, повисоките места во Делчево денеска и утре ќе бидат без вода за пиење, информираа од делчевското комунално претпријатие „Брегалница”.
Без вода за пиење ќе бидат и село Тработивиште и населбата Ѕвегорска Река.
-Поради изведување активности на водоводна приклучна шахта С-3 на доводен цевковод ф 315, од кој се снабдува со вода градот Делчево и с.Тработивиште, на 5 и 6 јуни 2024 (среда и четврток) ќе дојде до прекин на водоснабдувањето на корисниците во повисоките зони во градот и целосен прекин до сите корисници во село Тработивиште и населба Ѕвегорска Река, информираше претпријатието со апел корисниците навреме да си обезбедат вода за лични потреби во периодот на прекинот на водоснабдувањето.