Повлечете го законот, да не останете без пазарите!

Пазарџиите од Зелен пазар утрово излегоа на протест пред Собрание, поради новиот закон, кој бара од нив да обезбедат лиценци.

Преку тоа, им се забранува да продаваат на пазарите, а нивниот револт денеска беше очигледен.

Ние плаќаме по 20.000 денари годишно од една тезга на државата. Бараме да се укинат тие лиценци, затоа што од тој пазар ние живееме. Имаме еден куп давачки кон државата и уште ова ни требаше. Очекуваме дека ќе ги слушнат нашите барања. Доколку не се случи тоа, ќе бидеме порадикални. Ќе направат да останеме и без нив, без пазарите, коментираат пазарџиите.

Според новиот закон, пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија.

Лиценцата за тезгите чини 3600 денари, а за втора тезга, продавачите треба да платат дополнителни 2400 денари.