Неискористените вакцини против Ковид -19 кои беа донација од Република Бугарија, поради истекот на рокот ќе бидат уништени како медицински отпад, потврдија од Министерството за здравство.
„Тринаесет илјади дози вакцини против Covid-19, кои нашата земја ги доби како донација од Република Бугарија, денеска се повлечени од употреба поради истекот на рокот. Согласно законските процедури, вакцините ќе бидат уништени, како медицински отпад“, соопштија во петокот од Министерството за здравство/.
Донацијата од 51.480 дози од вакцината „Pfizer/BioNTech“ од Бугарија во земјава пристигна на 16-ти септември, со рок на употреба кој истече на 30-ти септември.