Дрзок и нетранспарентен предлог за дополнување на членот 65 од Законот за заштита на културното наследство, од страна на група пратеници во Собранието по скратена постапка, се озаконува неповратно уништување на културно наследство под закрила на државата-потенцираа денеска од Македонското археолошко друштво и ИКОМОС Македонија.
Им порачаа на пратениците да ја отворат Археолошката карта со што ќе воочат дека во регионот каде се предвидени инфраструктурните зафати за Коридорите 8 и 10д веќе постојат регистрирани археолошки локалитети, кои не случајно се откритие. Археолозите велат, не постои ниту начин, ниту средства што ќе можат да го вратат уништеното културно наследство..
Пратениците попуштија по предупредувањето од археолозите, во собранието беа повлечени спорните измени на законот за културно наследство…пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дадоа поддршка, ја напуштија седницата и најавија дека ќе имаат суштински амандмани по кои што ќе се дебатира и за кои што ќе бара слух од јавноста.
Претседателката на ДОМ Маја Морачанин која е коалиционен партнер во власта не гласаше за измените вели за вакви законски решенија потребна е јавна дебата.