Повлекувањето на ЕУ од енергетската повелба е „најсоодветната опција“, според документ на ЕК

Заедничкото истапување на Европската унија од, како што сега се наведува, контроверзната повелба за вложувања во енергетскиот сектор би било „најсоодветната“ опција, но не би ги решило сите проблеми, предупредува Европската комисија во документ.

Договорот за енергетската повелба од 1998 година е потпишан од 50 земји, вклучително и земјите членки на ЕУ и на компаниите им овозможува подигнување тужби против владите за измени на регулативите кои влијаат врз нивните вложувања.

Така, унгарската енергетска групација MOL во 2013 година покрена арбитражен спор против Хрватска, поради непочитување на нејзината обврска од договорот за гасната дејност. Меѓународниот центар за решавање на инвестициските спорови (ICSID) пресуди во јули 2022 година против Хрватска. Загреб во постапката ја оспоруваше надлежноста на ICSUD за решавање на спроведување на Договорот за енергетската повелба, тврдејќи дека е спротивна на правото на ЕУ, но арбитрите не го прифатија аргументот.

Во ЕУ тврдат дека изминатите години компаниите често ја користеле повелбата за да оспорат одлуки на владите на земјите членки насочени, како што се тврди, кон сузбивањето на користењето на фосилните горива, па критичарите предупредуваат дека би можела да биде пречка во борбата против климатските промени.

Во меѓувреме Франција, Германија, Холандија, Полска и Шпанија веќе најави дека ќе истапат од договорот, зголемувајќи го притисокот врз Брисел да го координира истапувањето на ниво на целата ЕУ. Италија од тој договор излезе уште во 2016 година.

Во документите кои ги споделила со земјите од ЕУ, а во кој агенцијата Reuters имала увид, Европската комисија оцени дека „најсоодветната“ опција би била истапување од повелбата на ЕУ и нејзините 27-те земји членки.

„Се чини дека излегувањето на ЕУ и Еуроатом од Договорот за енергетската повелба е неизбежно“, стои во документот, којшто, како што се наведува, не претставува официјален став на ЕК, туку го одразува нејзиното прелиминарно мислење и би требало да се насочи дискусијата на членките за нивните следни чекори. Мислењето се заснова на низа факти, наведуваат од ЕК.

Членките од повелбата договорија минатата година некои реформи, но земјите од ЕУ го одбија, што значи дека и натаму се применува неизменетата верзија, со посилна заштита на инвестициите. Преостанатиот дел од повелбата „несомнено и ги поткопал климатските цели на ЕУ“, наведува ЕК.

Имајќи го предвид бројот на земјите кои поединечно истапуваат од повелбата, се чини дека отворањето на преговорите за измените на договорот не е изводлива опција, се додава во документот.

За истапувањето на ЕУ неопходна е поддршката на најмалку 15 членки и од Европскиот парламент кој веќе го поддржа таквиот потег. Но дури и доколку земјите истапат од договорот, мора да ги почитуваат неговата одредба уште 20 години.

Земјите од ЕУ би можеле да се договорат да не ја применуваат таа клаузула, имајќи предвид дека повеќето енергетските вложувања во ЕИ потекнуваат од домашните компании. Но, доколку сакаат да ги избегнат тужбите, би морале да постигнат таков договор и со други членките од договорот, како Јапонија, Азербејџан и Велика Британија.

„Засега ниедна договорна страна која не е членка на ЕУ не навести дека би била подготвена да прифати такво решение“, се наведува уште во документот на ЕУ.

Дипломатите од земјите членки на ЕУ би требало за мислењето на ЕК да разговараат подоцна во вторникот.