![Песков](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Peskov-1.jpg?resize=696%2C298&ssl=1)
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, зборувајќи за повлекувањето на руските трупи од регионот на Киев, истакна дека ова е гест на добра волја за да се создадат поволни услови за преговори, при што се можни сериозни одлуки.
„Со цел да создадеме поволни услови за преговори, сакавме да направиме гест на добра волја. Можеме да донесеме сериозни одлуки за време на преговорите, па претседателот Владимир Путин им нареди на нашите војници да го напуштат регионот Киев“, рече Песков, во интервју на француски ТВ канал LCI.