Поволните услови за водење бизнис отвараат нови можности за домашните компании

Компанијата „Гранд фуд корпорејшн“ во Илинден отвори една од најголемите фабрики за кроасани во регионот. Се работи за домашна инвестиција од 6,5 милиони евра во прехранбениот сектор што ќе отвори 200 работни места, со модерно производство и најнови технологии.

Со новата инвестиција отворивме нови работни места, ги обезбедивме младите луѓе и нивните семејства, им дадовме шанса да работат и да напредуваат во една мотивирана и економски просперитетна средина, вели сопственикот на компанијата Стојмен Јордановски.

Станува збор за семејна фирма со долга традиција, на која и се создадени сите преуслови да се развива и да напредува.

Ќе се отворат 200 работни места. Тоа се 200 семејства или 800 до 900 луѓе кои просперираат врз основа на оваа инвестиција. Семејните бизниси кои отвораат нови работни места се најдоброто нешто што може да го направат за својата држава, коментира вицепремиерот Ставрески.

Минатиот месец, компанијата Вивакс отвори нови производствени капацитети за производство на овошни сокови и пијалаци, домашна инвестиција од 6 милиони евра.

Постојано инвестираме во нови технологии, во современи машини, развиваме нови производи, вложуваме во производството и во нашите вработени, вели директорот на компанијата, Димитар Јосифовски.

Пред неколку месеци и велешката компанија Брако инвестираше 4,2 милиона евра во опрема и во нова хала, што резултираше и со нови вработувања.

Ова е дел од нашата развојна програма за зголемување на асортиманот и портфолиото, а со тоа и за проширување на пласамот на нашите производи. Наше убедување е дека со инвестирање и вложување во развојот на компанијата треба да се оди во континуитет, без оглед на социо- економските показатели,  рече претседателот на Бордот на директори, Кочо Анѓушев.

Со оглед на тоа што домашниот пазар е мал и со ограничена финансиска моќ, стопанствениците од земјава го прошируваат својот бизнис, а голем дел од производите се пласираат на странските пазари. Зголемениот извоз го подобрува трговското салдо.

Во Македонија лесно се води бизнис

Дека економските…