Маж на возраст од 72 години, Ѓ.Д. од Неготино, денеска починал на брегот на Преспанското езеро во Крани, потврди портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова.
Лекар ја констатирал смртта, обвинител и екипа на полицијата направиле убид, обдукција не е наредена, а се претпоставува дека починал од природна смрт, а не од давење како што наведоа некои медиуми.