Повозрасен неготинчанец почина на плажа во Преспа

Маж на возраст од 72 години, Ѓ.Д. од Неготино, денеска починал на брегот на Преспанското езеро во Крани, потврди портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова.

Лекар ја констатирал смртта, обвинител и екипа на полицијата направиле убид, обдукција не е наредена, а се претпоставува дека починал од природна смрт, а не од давење како што наведоа некои медиуми.