Повреден е 61-годишен мотоциклист

На 18.08.2024 во 07:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(43) од с.Арачиново, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(61) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.