Повреден пешак на „Партизанска“ во Скопје

Седумдесет и деветгодишниот пешак С.Ж. од Скопје е повреден во сообраќајна незгода која се слулила во скопската населба Карпош, извести полицијата.

Според МВР,  околу 14.30 часот на паркинг простор на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје, возило „тојота јарис“ со скопски таблички управувано од М.Ѓ. (30) од Скопје, удрило во пешак Ж.С..

Во незгодата пешакот здобил тешки повреди и со возило на Итна помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на сообраќајката увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.