Повреден планинар бил пренесен во болница со хеликоптер на МВР.
Во текот на вчерашниот ден на Пелистер имало повреден планинар, истиот е превземен со хеликоптер од МВР и е пренесен во Државна болница Скопје.
Според информацијата на Републичкиот Центар за управување со кризи кој пак ја пренесува информацијата од Дирекцијата за заштитат и спасување од Битола, на Пелистер имало повреден планинар кој крварел.
Лицето, според истата информација било преземено со хеликоптер од МВР и е пренесено во Државна Болница Скопје во 16 часот.