![полиција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/polici-a-1.jpg?resize=696%2C523&ssl=1)
Полицаец со повреди е пренеен во болница откако го удрило струја додека исклучувал семафор.
Како што соопшти МВР, вчера околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварите „Беласица“ и „Гоце Делчев“, додека полициски службеник од СВР Скопје вршел службени дејства, се здобил со повреди, при исклучување на семафор (струен удар). Тој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.