Еден пожарникар од Бригадата за противпожарната заштита на Скопје, повреден утрово е при интервенција на гаснење пожар во стан на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“.
Во Единицата за информации и команда Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ утринава во 3,55 часот било пријавено дека кај нив бил донесен пожарникарот Б.М. кој бил повреден при гаснење на пожар во стан од станбена зграда.
Пожарот бил изгаснат.Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.