Повреден со воздушна пушка во плешка

На 04.07.2014 година околу 17,30 часот во с.Брвеница-Тетово, додека К.М.(1996) од Струмица, се движел во овоштарникот, забележал три малолетни лица, од кои едното во раката држело воздушна пушка.

Во еден момент испукало проектил во правец на К.М., кој го погодил во пределот на десната плешка, по што лицата го напуштиле местото. К.М. е пренесен во КБ-Тетово каде му е констатирана влезна рана во пределот на десната плешка и по извршената хируршка интервенција е пуштен на домашно лекување.

СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на лицата.