Повредени 42 лица во Собранието

Вкупно 42 повредени лица во Собранието, меѓу кои тројца полицајци и обезбедување, се примени вечерва на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (Градска болница), изјави за МИА директорката на таа јавна здравствена установа Јасминка Чабуковска.

Таа рече дека четворица од нив се задржани на натамошно лекување.

МВР соопшти дека се проверува дали има и други повредени.