На 16.01.2024 во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Општина Арачиново, кај с.Ново Село, кумановско, патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.С.(25) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Ф.А.(48) и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.