Повредени двајца велосипедисти во сообраќајка

Двајца малолетници се повредени во судир на автомобил и велосипед, вчера во Прилеп.

Според полицијата,сообраќајната несреќа се случила околу 22 часот на улицата Гоце Делчев.
Тогаш се судриле велосипед „центурион“, управуван од 17 годишно момче од Прилеп, кој на велосипедот превезувал негов врсник, и автомобил „пежо 206“, што го управувал А.К.(26) од Прилеп.

Во незгодата тешко е повреден велосипедистот, а лесно повреден е 17 годишникот што се превезувал на велосипедот. На двајцата им е укажана лекарска помош во Градската болница во Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот, се работи на целосоно расчистување на случајот.