На патот Прилеп-Македонски Брод, кај 18-от километар, вчера во 17.45 часот се случила сообраќајна незгода во која В.Т.(27) од Прилеп управувајќи „фиат брава“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво.
Во незгодата, сопатникот 29-годишниот сопатник се здобил со фрактура на ребра и се задржан на лекување во прилепската болница,
Во Прилеп, пак, вчера во 19 часот, на крстосницата со улиците Тризла, Београдска и 11-ти Октомври, се случила сообраќајна незгода помеѓу „голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(41) од Лабуништа, и мотоцикл „лингбен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(22) од Прилеп.
Во сообраќајката, 14-годишна сопатничка од мотоциклот се здобила со фрактура на лева нога и е префлена на Ургентниот центар во Скопје за понатамошно лекување.