
Во сообраќајна несреќа која се случила утрово на патот Пониква-Кочани, повредени се неколку момчиња кои се превезувале со автомобил, јавува Канал 5.
Според првичните информации, до несреќата дошло откако автомобилот со кој се превезувале момчињата излетал од патот и се превртел.
Едно од момчињата кое е со посериозни повреди, е пренесено на скопските клиники, додека другите се задржани на лекување во кочанската болница.
Полицијата работи на утврдување на причините поради кои настанала несреќата.