Повредени тинејџери во сообраќајка во тетовско

Вчера околу 15 часот, на локалниот пат Сиричино-Туденце, на излезот од селото Сиричино се случила сообраќајка. Патничко возило „oпел астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 19-годишниот тетовец С.Т, загубило контрола и излетало од коловоз.

Од излетувањето, возачот и три сопатнички во возилото на возраст од 18 и 19 години, исто така, од Тетово добиле телесни повреди и по укажаната лекарска помош, задржани се во тетовската клиничка болница за натамошна опсервација.

Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата и се друго.

Првично, причина за оваа сообраќајка е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење, додека вкупната материјална штета се проценува на 50 илјади денари.