Тројца припадници на мировните сили на Обединетите Нации (УНФИКИП) се повредени во инцидентот во тампон зоната на Кипар, рекол портпаролот на мисијата Алим Сидик за кипарската новинска агенција ЦНА, јави дописничката на МИА од Атина.
Сидик објаснил дека двајца од мировниците се здобиле со тешки повреди, од кои еден е повреден во главата, а сите тројца се хоспитализирани.
Утрово се случи инцидент во тампон зоната на Кипар во регионот на Пила кога кипарски Турци со булдожери нападнале возила на мировните сили на Обединетите Нации кои се обидувале да спречат неовластени градежни работи на патишта во зоната, а инцидентот го осудија како од УНФИКИП, така и од ЕУ, кипарската и грчката Влада.