Германскиот параглајдерист (60) при падот вчера кај полетувалиштето за параглајдери на место викано „Мечкин Камен“ во Крушево се здобил политраума, а по брзото донесување со хеликоптер од ЦУК, само 1,5 час по несреќата бил мобилизиран од мултидисциплинарен медицински тим.
Како што дознава „Нетпрес“, параглајдеристот бил хоспитализиран во Клиниката Жан Митрев каде што била направена брза и прецизна дијагностика и итен план за повеќекратни операции. По успешното санирање на сите повреди пациентот сега е во стабилна состојба.
Тој вчера околу 17.40 часот полетал од полетувалиштето, но поради силниот ветар изгубил контрола и паднал веднаш по полетувањето и се здобил со тешки телесни повреди.
Од екипа на Итна медицинска помош тој пренесен до хелиодромот, кој се наоѓа во близина, по што со хеликоптер на МВР бил пренесен до приватна болница во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител.