Европската Комисија „ги заборави“ повредените новинарски права, наведува порталот Пресс 24 во својата анализа за дел од настаните во изминатите 11 месеци.
Нападната новинарска екипа и демолиран автомобил на една национална телевизија, искршени стакла на едно радио со информативен карактер, закани со физички пресметки, селективно објавување на приватни телефонски разговори на новинари и разговори поврзани со новинари кои не работат под контрола на опозициската СДСМ… Ова се дел од настаните во изминатите 11 месеци за кои Европската Комисија не најде место во својот последен извештај, пишува Пресс24.
Во денеска објавениот извештај на Комисијата во делот посветен на слободата на изразување се споменуваат само два селективно избрани настани- испратениот венец во домот на еден новинар кој известува критички кон власта и инцидентот помеѓу еден владин функционер и еден новинар (кој во судска постапка тврди дека воопшто не е новинар).
Иако речиси сите меѓународни институции, амбасади и новинарски здруженија навремено биле известени за инцидентите и настаните на кои жртви биле голем број други новинари, тие не се споменати во последниот извешптај на Комисијата.
Еве кои сериозни инциденти кои ја загрозуваат слободата на изразувасње, независноста на медиумите па и животот на новинарите не се најдоа во извештајот на ЕК, пишува порталот во анализата.
Демолиран автомобил и физички напад врз новинар и двајца сниматели на ТВ Сител кои известувале за протест на опозициската СДСМ пред Собранието
Настанот се случи на 6-ти мај 2015та за време на протестите на опозициската СДСМ пред Собранието.
Група непознати напаѓачи најпрво вербално а потоа и физички ја нападнаа екипата на ТВ Сител, новинарот Ивона Талевска и двајца сниматели.
Службениот автомобил на телевизијата беше демолиран. Случајот е пријавен во полиција а за информирани се и сите релевантни здруженија и организации.
Демолирани простории на Радио Слободна Македонија и неделникот Република за време на протести на опозициската СДСМ пред Владата
Настанот се случи на 05-ти мај за време на протестите на СДСМ пред Владата.
Протестите кои започнаа како мирни подоцна ескалираа и дел од демонстрантите почнаа да ја каменуваат полицијата а потоа и просториите на двате редакции кои се наоѓаат спроти Владата. Заканите и притисоците кон новинариуте од овие редакции продолжија и во текот на идниуте денови по што редакциите беа принудени да се заштитат со метални огради од демонстрантите кои кампуваа пред владата. За случајот беше известена полицијата и сите релевантни здруженија и организации.
Закани со физички пресметки од активисти на опозициската СДСМ кон новинари
Дејан Николовски од порталот Нетпрес беше предмет на сериозни закани од страна на лидерот на една опозициска партија Стојанче Ангелов, со физички закани се соочи водителот Јанко Илковски, новинарот и дописник од Брисел Бобан Нонковиќ доби закани за напад со статив.
Селективно објавување приватни разговори на новинари
Дел од новинарите во Македонија беа предмет на повеќе месечни јавни напади од страна на опозициската СДСМ. Она што како пракса започна со нивно етикетирање како „провладини“ во партиските соопштенија, продолжи како нивно дискредитирање на порталите под контрола на СДСМ, кулминираше со нивно ставање под целосен притисок со јавното објавување на нивни приватни разговори или разговори поврзани со нив во така наречените „бомби“ на Заев.
Опозициската партија најпрво соопшти дека биле прислушувани голем број макеоднски новинари за потоа на дел од нив да им подели папки со транскрипти од нивните разговори а дел да бидат предмет на јавно објавување. За нивната автентичност сеуште се полемизира. На овој начин СДСМ изврши притисок врз новинарите кои не работат под нивна контрола, јавно упатувајќи закана дека „за нашите има папка ама вашите ќе бидат јавно дискредитирани“.
Поделбата на „наши и ваши“ која со години претставува сериозен проблем за макеоднското општество и особено за новинарската заедница беше дополнително поларизирана.
За ова во псимено соопштение денеска реагиораше и Макеоднската Асоцијација на новинари.
Извештајот на Европската комисија е пристрасен, субјективен, едностран е уште во составувањето бидејќи не се контактирани новинарите кои се предмет на напади, и не соодветствува со реалната состојба во медиумите. Очигледно е дека одработуваат политичка агенда која ја финансираат нивните амбасади за проекти исклучиво во корист на СДСМ и нивните медиумски експоненти, притоа покажувајќи со прст во сите нас останати и државните институции како лошите момци.
Бидејќи воопшто не се погрижиле извештајот да биде целосен, туку е темелен само на информации добиени од СДСМ и активисти на фондацијата Сорос и во извештајот не се спомнува ниедна форма на притисок нити жртва од СДСМ: десетици неосновани тужби од СДСМ, закани од митинзи на новинари и медими, протести пред приватен медиум…….Вкупно 10-тина напади врз новинари со физички повреди не се нотирани во извештајот на Европската комисија“.- стои во реакцијата на МАН.