Повредените во Ист гејт сѐ уште се во критична состојба

Во животозагрозувачка состојба се двајцата повредени при денешното пукање во „Ист гејт мол“, потврдуваат директорите на болниците каде се оперирани, директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков и директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи.

Тие за МИА велат дека сѐ уште не може да се дадат какви било прогнози за повредените.

Двете лица, се повредени кога кон нив било пукано попладнево во трговскиот центар Ист гејт Мол во Скопје.

Директорот Арсенков вели дека пациентот што е кај нив на Клиника е на машина за дишење.

„Се работи за сериозни повреди. Следуваат испитувања. Уште е во животозагрозувачка состојба. Има прострелна рана во стомакот, во градниот кош, изјави тој.