Повредено дете во сообраќајка во Прилеп

Осумгодишно дете е повредено во сообраќајна незгода во Прилеп. Полицијата соопшти дека несреќата се случила вчера околу 20.10 часот на улицата Цане Коњарец во Прилеп кога С.Н.(1986) од Прилеп, управувајќи автомобил „хонда“ со прилепски регистарски ознаки, удрила во детето.

Детето со тешки телесни повреди (фрактура на глава) е префрлено во болницата во Прилеп и потоа пренесено во Клиничкиот центар во Скопје за понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп.