Вчера во 21,25 часот во КЦ-Тетово примен е со повреди нанесени од остар предмет во пределот на вратот Ц.В.(1995) од с.Д.Палчиште – Тетово.По обавениот разговор од УПС од ПС-Тетово и излегување на лице место од УПС од ПО Каменање, констатирано е дека во с.Раковец – Тетово во интернет кафето „Бени“, додека седеле заедно на една од масите, без повод и причина Л.К.(1993), од с.Д.Палчиште, со нож во пределот на вратот го повредил Ц.В. кој потоа од страна на присутните е пренесен во МЦ-Тетово.
Л.К. е пронајден и приведен во ПС, а на лице место на еден од рафтовите од шанкот е пронајден ножот со кој му биле нанесени повреди на оштетениот.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.Врз Ц.В. е извршен хируршки зафат на двете повреди (расекотини) во пределот на задниот дел од вратот и истиот е вон животна опасност.СВР-Тетово превзема мерки за расчистување на настанот, по што против Л.К. ке биде поднесен соодветен поднесок.