Повремено облачно со повремен локален дожд

Во Македонија во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд со послаб интензитет, на планините во западните делови со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура се во интервалот од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 Целзиусови степени.

Во вторник ќе преовладува облачно време, на места со слаби врнежи од дожд. Од среда следува период на стабилно време со натпросечни дневни температури и со услови за магла по одделни котлини.