
Жителите на најголемиот турски град Истанбул денеска повторно избираат градоначалник.
Изборите се одржуваат откако резултатите од претходното гласање одржано на 31-ви март беа поништени. На тие избори со мало мнозинство победи кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу.
Неговиот противкандидат е поранешниот премиер Бенали Јилдирим од владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Имамоглу ја извршуваше градоначалничката функција 18 дена, а по низа жалби од AKP, Централната изборна комисија го поништи гласањето со образложение за неправилности